домаХроникаВтор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров за пет...

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров за пет дена

- Advertisement -spot_img

Седумдесет и шестгодишна жена утрово била пронајдена мртва во својот дом на улицата „Ѓурчин Кокале“ во скопската населба Ѓорче Петров. Според Министерството за внатрешни работи, ја пронашла нејзината ќерка, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт и видливи траги на насилство.

Случајот бил пријавен во полиција во 9:18 часот. На местото бил извршен увид и бил известен јавен обвинител, по чии насоки телото е предадено на обдукција за утврдување на причината за смртта.

СВР Скопје презема мерки за расчистување на настанот.

Ова е втор случај во изминатите пет дена во Ѓорче Петров во кој е пронајдено починато лице со траги на насилство. Претходно, 62-годишен маж бил пронајден мртов во својот дом.

Поврзаност меѓу двата случаја засега не е потврдена. Од Јавното обвинителство, одговарајќи на прашање за таква можност, посочуваат дека најпрво треба да биде откриен сторителот.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img