Со видливи траги на насилство по телотот, ќерка ја пронашла мајката во домот во населбата Ѓорче Петров. Од полицијата велат дека се истражува што и се случило, дали станува збор за убиство. Телото е предадено на обдукција.
-Денеска во 09:18 часот во СВР Скопје М.А. пријавила дека во куќа на ул.„Ѓурчин Кокале“ во Скопје ја пронашла нејзината мајка О.А.(76), без знаци на живот. Од страна Итна медицинска помош констатирана е смрт со видливи траги од насилство. Известен е јавен обвинител по чии насоки телото е дадено на обдукција. СВР Скопје презема мерки за утврдување на причините и за расчистување на случајот, информираат од МВР
Пред неколку дена, 22 октомври, во 18:40 часот, во СВР Скопје било пријавено дека 62-годишниот С. Ј. е пронајден починат во својот дом на подрачјето на општина Ѓорче Петров. И во тој случај лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт со траги на насилство, а телото било предадено на обдукција по наредба на јавен обвинител.






