домаМакедонијаВо декември повторно ќе има огласи за ИПАРД фондовите

Во декември повторно ќе има огласи за ИПАРД фондовите

- Advertisement -spot_img

Нови огласи за ИПАРД 3 – Програмата најави директорката на Платежната агенција Даниела Иротова-Лазарева, откако во декември лани европските пари за нашите земјоделци беа суспендирани поради голем корупциски скандал, објави https://nezavisen.mk/vo-dekemvri-povtorno-kje-ima-oglasi-za-ipard-fondovite/

Директорката Иротова-Лазарева најавува дека во декември ќе се отворат огласи за мерките 1, 3 и 7, за што земјоделците и преработувачките компании можат да почнат со подготовка на потребната документација за аплицирање. За да се елиминираат можни нови злоупотреби на европски средства во наредниот период, Платежната агенција направила одредени измени на постапките и процедурата за аплицирање на ИПАРД 3 – Програмата, за што се чека крајно одобрение од Националниот координатор на ИПАРД Програмата во Министерството за финасии.

Речиси една година ИПАРД 3 за Македонија беше под знак прашалник поради откривањето на големиот корупциски скандал, во кој е инволвиран поранешниот директор на Платежната агенција Илија Стоилев, кадар на ВМРО-ДПМНЕ. Во тек е судски процес на деветмина обвинети за примање и давање мито од над 50 илјади евра, дел од нив вработени во МЗШВ и УЈП.

„Сите договори по сите мерки се склучени, ранг-листите се објавени на страната на Агенцијата и ги охрабрувам сите кои што имаат можност за инвестиции, без разлика дали во производствени капацитети, подигање на нови земјоделски насади, да се подготвуваат – во декември ќе ги објавиме сите средства со кои располагаме, во програмскиот период 2027 година“, потврди Иротова-Лазарева за медиумите.

Вкупната европска помош за македонските земјоделци за периодот 2021-2027 година изнесува 128 милиони евра, од нив 97 милиони евра се европски средства, додека Македонија учествува со 31 милион евра, како национално кофинансирање.

Европската комисија лани потврди за „Независен“ дека се стопирани исплатите за корисниците од третиот квартал на 2025 година. Но, од ЕК напоменаа дека оваа суспензија не подразбира стопирање на целокупната ИПАРД 3 – Програма.

Сите вмешани во корупцискиот скандал пролетва седнаа на обвинителна клупа во Основниот кривичен суд Скопје.

Според обвинението, ексминистерот за правда и за локална самоуправа Џевдет Насуфи, е првообвинет за давање поткуп за помош од ИПАРД Програмата. Фејзула Фејзула и неговиот брат Амет Фејзула се обвинети за примање награда за противзаконито влијание. Јасмина Костадинова и Илија Стоилев се обвинети за примање поткуп. Обвинета е и фирмата „Сигнас агро“ од Велешта за давање поткуп. Обвинителен предлог за кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластувањата“ во овој предмет има и за четворица службеници од Платежната агенција.

Директорката Даниела Иротова-Лазарева најавува дека до крајот на оваа година ќе ги исплатат сите заостанати субвенции, а од февруари 2027 година ќе почне исплатата за оваа година.

„Само мал дел е останат за исплата од 2024 година, за исплата на регистрираните земјоделци за пензиско и инвалиско осигурување, повластена основица… Некаде околу 80 проценти од субвенциите за 2025 година се при крај за исплата. До јануари и февруари планираме да ја затвориме исплатата на субвенции за 2025, и да почнеме со исплата на субвенциите за 2026 година“, рече Иротова-Лазарева.

Веќе почнува процесот на подготовка на новата Национална програма за субвенционирање на земјоделците од државниот буџет за 2027 година. Државата редовно обезбедува приближно 100 милиони евра годишно за финансиска поддршка за земјоделството, но на последниот голем протест на земјоделците и сточарите кај Тополчани во Пелагонија, тие порачаа дека сточарството и воопшо земјоделството се доведени во тешка состојба и дека државната помош треба двојно да се зголеми на 200 милиони евра за Македонија да продолжи со домашно производство на храна.

Инаку, перидов, поради проблемот со откупот на црвената пиперка – капија и ниската откупна цена, градинарите бараат итна комбинирана финансиска поддршка од 10 денари по килограм, составена од 5 денари за предаден килограм пиперка во регистрирани откупни и преработувачки центри, и по 20.000 по засаден декар со куртовска капија.

Градинарите бараат итна исплата на субвенциите за 2025 година по килограм предаден род.

Лозарите бараат итна финансиска помош од 150.000 по хектар за сите лозари без разлика дали грозјето го собрале или не. Над 70 проценти од грозјето годинава остана необрано и презреано по нивите, велат лозарите.

Овоштарите од Преспа, бараат интервентна мерка од 3 денари по килограм предадено јаболко, индустриско и конзумно, за реколтата 2026 од Интервентниот фонд бидејќи откупот на индустриското јаболко е 4 денари за килограм.

Сточарите си ја бараат премијата за откупено млекото од јули 2025 до денес и субвенциите за неразвиени подрачја за 2024 и 2025 година.

Поледелците се револтирани на проблематичната ставка за семенски материјал кај житните култури како услов за добивање на субвенции воведена 4 месеци после сеидбата, во февруари годинава. Жетварите предупредуваат дека ќе бидат многу оштетни.

Во декември повторно ќе има огласи за ИПАРД фондовите

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img