домаМакедонијаСрпските државјани во Македонија денеска гласаат за нов парламент: Две избирачки места...

Српските државјани во Македонија денеска гласаат за нов парламент: Две избирачки места се отворени во земјава

- Advertisement -spot_img

Државјаните на Србија кои живеат во Македонија и навремено се пријавиле за гласање денеска, 25 октомври, можат да го остварат своето избирачко право на две локации во земјава, во рамки на вонредните парламентарни избори во Србија.

Гласањето е организирано во Амбасадата на Србија во Скопје, на улицата „Самоилова“ број 34, како и во канцеларијата на почесниот конзул во Куманово, на улицата „Илинденска“ број 37.

Двете избирачки места се отворени од 7 до 20 часот, а право на глас имаат српските државјани кои се запишани во соодветниот избирачки список. За гласање потребно е да приложат важечка српска лична карта или пасош.

На изборите се избираат 250 пратеници во српското Народно собрание, а право на глас имаат речиси 6,5 милиони граѓани.

Во странство се пријавени вкупно 102.147 избирачи, кои можат да гласаат на 93 избирачки места распоредени во 37 држави.

Според Пописот од 2021 година, во Македонија живеат 23.847 лица кои се изјасниле како Срби, односно 1,30 проценти од резидентното население. Сепак, оваа бројка не го претставува бројот на српски државјани пријавени за гласање.

Организацијата на гласањето во странство предизвика и одредени реакции, бидејќи во неколку градови каде што претходно се гласало, овојпат нема отворени избирачки места.

Меѓу нив се Софија, Солун, Букурешт, Грац и Истанбул.

Српските власти ги отфрлаат обвинувањата дека со ваквата организација се ограничува избирачкото право на граѓаните кои живеат во странство.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img