домаМакедонијаФилипче: Поддршка за студентите, Србија заслужува промена

Филипче: Поддршка за студентите, Србија заслужува промена

- Advertisement -spot_img

Венко Филипче им посака успех на студентите во Србија, оценувајќи дека нивните протести создале шанса за промена на системот. Во објавата на социјалната мрежа X, тој го обвини Александар Вучиќ дека планира изборна кражба и ја критикуваше власта во Македонија поради односот кон српскиот претседател.

„Како професор, стојам со цело срце покрај младоста, а на нашите соседи им посакувам среќа утре“, напиша Филипче.

Тој тврдеше дека постојат нерегуларности со избирачките списоци, издавање лични карти на странски државјани, притисоци врз вработените во државниот сектор, контролирано и платено гласање и медиумска контрола.

Филипче ги спореди овие наводи со состојбите во Македонија во времето на Никола Груевски, додавајќи дека, според него, земјата денес повторно се враќа кон такви практики.

„Никој повеќе не сака диктатори и криминалци што ги држат државите како заробеници, а граѓаните како заложници“, порача тој.

Во објавата се осврна и на односите меѓу двете земји. Истакна дека сака Србија и Македонија да имаат најдобри можни односи, без мешање во внатрешните работи, а односот на Христијан Мицкоски кон Вучиќ го оцени како „потчинет“.

Објавата ја заврши со пораката: „Студентите победуваат“.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img