19-годишник од скопско синоќа бил нападнат од неколку лица во парк на подрачјето на Бит Пазар.
Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа во 23:50 часот во СВР Скопје, Е.Ј.(19) од скопското село Грушино пријавил дека околу 21:45 часот во парк на подрачјето на Бит Пазар во Скопје бил физички нападнат од неколку лица.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.






