Најмладиот милионер во Македонија за 2025 година е четиригодишно дете, со остварен приход од еден милион денари од дивиденда. Најстариот, пак, е пензионер на 97-годишна возраст, кој приходите ги остварил од пензија и други извори, покажуваат најновите податоци на Управата за јавни приходи.






