домаМакедонијаМакедонија достигнува 64% од европскиот стандард: Cо сегашното темпо потребни се уште...

Македонија достигнува 64% од европскиот стандард: Cо сегашното темпо потребни се уште 52 години

- Advertisement -spot_img

Македонија достигнува 64% од просечното ниво на благосостојба во ЕУ. Доколку се задржи просечното темпо на приближување од последните пет години, ќе бидат потребни уште 52 години за да се достигне европскиот просек. Ова се клучните наоди од Годишниот извештај за конвергенција 2026, претставен на настанот „Каде сме на патот до ЕУ? Патот на Северна Македонија кон европскиот стандард“, организиран од ЗМАИ во рамки на иницијативата Converge2EU.

Во 2025 година вкупниот показател е намален за 0,1 процентен поен во однос на ЕУ. Од осумте области, четири се подобриле, а четири се влошиле. Најблиску до европскиот просек се здравството (80,3%), дигитализацијата (77,3%) и институционалното управување (72%). Најголемото заостанување е во инфраструктурата (43,4%), животната средина (54,2%) и економијата (55,9%).

Економските показатели откриваат важна нерамнотежа: просечната бруто-плата, според куповната моќ, е на околу 64% од европскиот просек, додека продуктивноста по работник е на 54% и во последната година практично стагнира. Користењето електронски јавни услуги е на само 36% од нивото на ЕУ, иако ИКТ-секторот има значителен потенцијал. Во здравството граѓаните плаќаат директно од свој џеб 39,6% од вкупните здравствени расходи.

„Не смееме европската интеграција да ја мериме само со усвоени закони, ниту економскиот успех само со повисоки плати. Реформите не ги правиме за Брисел, туку за граѓаните. За европски стандард ни требаат поголема продуктивност, јавни услуги што функционираат и институции што испорачуваат резултати. Домашната одговорност е наша, а од ЕУ очекуваме кредибилна перспектива за членство и конкретни придобивки од интеграцијата уште пред зачленувањето“, изјави Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ и автор на националниот извештај.

Членството во ЕУ значително би го забрзало економското приближување

Извештајот разгледува четири сценарија за европска интеграција. Според моделските проценки за БДП по жител, при продолжување на досегашните трендови се потребни повеќе од 100 години за достигнување на просекот на ЕУ. Полноправното членство би го намалило тој период на околу 50 години, одделниот пристап до европскиот буџет на 84, а одделниот пристап до единствениот пазар на 85 години. Станува збор за условни моделирани сценарија, а не за гарантирани рокови. Наодите укажуваат на потреба од домашни реформи, ефективно користење на европските средства и посилна интеграција.

Пораки од говорниците

На настанот, одржан по повод Европскиот ден на статистиката, учествуваа претставници на европските институции, дипломатскиот кор и граѓанскиот сектор.

„Пристапувањето кон ЕУ и економското приближување мора да одат рака под рака. Северна Македонија постигна значителен напредок, вклучително и во областа на дигитализацијата и развојот на приватниот сектор, при што досега се исплатени над 140 милиони евра за спроведените реформи во рамки на Реформската агенда. Но, приближувањето кон европскиот стандард не се сведува само на бројки и извештаи. Тоа значи подобри работни места, посилни институции и повисок квалитет на живот за граѓаните. За да се постигне ова, неопходни се континуирани реформи, политичка посветеност и конкретни резултати што граѓаните ќе можат да ги видат и почувствуваат“

„ Приближувањето на животниот стандард и квалитетот на животот е важен аспект на членството во ЕУ и една од главните придобивки од Унијата. Искуството на Ирска, која од најсиромашната земја членка стана една од најбогатите, нуди значајни поуки за земјите кандидатки, кои со задоволство ќе ги споделам.“

„Converge2EU покажува дека процесот на европска интеграција треба да се мери и преку тоа колку брзо животниот стандард во Северна Македонија се приближува кон европскиот просек. Напредокот е бавен и нерамномерен, а клучниот предизвик е спроведувањето на реформите. Европскиот пат нуди реални можности за побрз развој, но тие ќе се остварат само доколку институциите, Собранието и граѓанското општество ги користат овие докази за да следат што се подобрува и каде е потребно дејствување.“

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img