Минатата недела, во рамки на акциите спроведени на скопскиот Зелен пазар и на пазарот во населбата Ѓорче Петров, запленети и уништени се над 5 тони небезбедна храна.
Станува збор главно за овошје и зеленчук кои нелегално се продавале, надвор од пазарот, со што директно ја загрозуваат безбедноста на потрошувачите, но и ја нарушуваат конкуренцијата на пазарот, на штета на примарните земјоделски производители и легалните трговци.
Контролите се спроведуваат во координација со Комуналната инспекција на Град Скопје, Министерството за внатрешни работи и Државниот пазарен инспекторат, со цел спречување на нелегалната трговија и обезбедување законски услови за продажба на храна.






