домаМакедонијаХаџи Василева во Топ Тема: Да ја фокусираме работата на оние предмети...

Хаџи Василева во Топ Тема: Да ја фокусираме работата на оние предмети кои се навистина од јавен интерес

- Advertisement -spot_img

ОЈОГОКК треба да се занимава во високо профилни случаи, со финансиски истраги и конфискација на имот, тоа мора да стане наш приоритет и борба со организираниот криминал во смисла на криминалните групи, истакна Искра Хаџи Василева, одговарајќи на прашањето за приоритетите во нејзината програма.

Борбата со корупцијата е нешто што е приоритет бидејќи така може да се постигне голем ефект во останатата битка со различните типови на криминалитет кои ова обвинителство ги има под исклучива надлежност. А конкретен план и замисла како да дојдеме до тоа имам – да ја фокусираме работата на оние предмети кои се навистина од јавен интереси во интерес на граѓаните. Ние сме чувари на системот и веројатно мора да бидеме и реалисти во таа смисла и да го максимизираме ефектот од нашата работа, истакна Хаџи Василева.

За приоритетите, со четворица од кандидатите за шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, обвинителите Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева, Фатон Азизи и Трајче Пеливанов се води дебата во вечерашната Топ Тема на Телма.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img