домаМакедонијаСпасено мече во Велешко, ветеринар го успал за да биде ослободено

Спасено мече во Велешко, ветеринар го успал за да биде ослободено

- Advertisement -spot_img

Кафеава мечка стара околу три години беше спасена откако била фатена во нелегално поставена метална сајла во месноста Чеплес, на околу 1,5 километар од Рибник Нежилово, во Велешко. По координирана акција на надлежните институции, животното било ослободено од примката и вратено во природата.

Информацијата за мечката ја добило Ловечкото друштво „Руен“ од Велес, по што случајот бил пријавен преку Македонското еколошко друштво до Државниот инспекторат за животна средина. Биле известени и Министерството за животна средина и просторно планирање, а на терен се упатиле двајца државни инспектори во координација со СВР Велес и ловечкото друштво.

Акцијата се одвивала во доцните попладневни часови. Мечката била успиена и прегледана од ветеринар од Зоолошката градина во Скопје, по што сајлата била отстранета и животното било пуштено во шумата.

Станува збор за машка мечка тешка околу 70 килограми. Според информациите од Државниот инспекторат за животна средина, при прегледот не биле забележани видливи повреди предизвикани од примката.

За случајот бил известен и јавен обвинител од Велес. Полицијата ја презела сајлата за понатамошно вештачење, по што се очекува да следуваат постапки за утврдување на одговорноста за нелегално поставената примка.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img