По претходните најави од Јавното претпријатие „Паркинг и Зеленило“ Гостивар дека хаварисаните возила оставени на јавните површини се проблем што го нарушува нормалното движење и го отежнува одвивањето на сообраќајот, општинскиот инспекторат, во соработка со претпријатието, спроведе акција за нивно евидентирање.
Од Општина Гостивар упатија апел до сопствениците да ги отстранат хаварисаните возила од јавните површини, со цел да се ослободи јавниот простор и паркинг-местата да им бидат достапни на граѓаните.
Од општината посочуваат дека соработката на граѓаните е важна за зачувување на заедничките простори и создавање поуредна и пофункционална средина. Во информацијата не се наведени конкретни податоци за бројот на евидентирани хаварисани возила. Сопствениците добиваат налепница со рок до кога треба да ги отстранат автомобилите, по што ќе бидат опфатени со акцијата.






