домаМакедонијаПукање во Сарај: Маж повреден во раката откако било пукано кон неговиот...

Пукање во Сарај: Маж повреден во раката откако било пукано кон неговиот автомобил

- Advertisement -spot_img

Маж се здобил со повреда на раката откако било пукано кон неговото возило во близина на маркет во скопското село Сарај. Инцидентот се случил утрово, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

Според информациите што ги доби ТВ21 од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во СВР Скопје на 18 октомври во 09:50 часот. Пријавителот М.И. посочил дека околу 09:30 часот, додека бил во патничко возило „туран“ во близина на маркет во Сарај, едно лице пукало со огнено оружје кон него.

Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот, каде што пронашле четири чаури од пиштолска муниција.

Од оштетениот прозорец на возилото, М.И. се здобил со повреда на раката, поради што била известена екипа на Итната медицинска помош.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето што пукало, како и за целосно расчистување на случајот.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img