домаХроникаОсумгодишно дете удрено на пешачки премин пред ООУ „Гоце Делчев“ во Штип,...

Осумгодишно дете удрено на пешачки премин пред ООУ „Гоце Делчев“ во Штип, возачот избегал

- Advertisement -spot_img

Осумгодишно дете било удрено од автомобил на пешачки премин пред основното училиште „Гоце Делчев“ во Штип, а возачот по несреќата го напуштил местото на настанот.

Според информациите со кои располагаме, несреќата се случила во петокот, околу 18:30 часот, кога автомобил удрил во детето додека се наоѓало на пешачкиот премин пред училиштето.

По ударот, возачот не застанал да помогне, туку избегал од местото на несреќата. Според првичните информации, станува збор за возило со кумановски регистарски таблички.

Настанот бил пријавен во полиција, а повреденото дете било пренесено во Клиничката болница во Штип за укажување лекарска помош.
Засега нема дополнителни информации за тежината на повредите на детето, ниту за идентитетот на возачот. Останува да се утврдат сите околности под кои се случила несреќата и да се пронајде возачот кој го напуштил местото на настанот.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img