домаСветСтудентите, синдикатите и „Жолтите елеци“ протестираат низ Франција

Студентите, синдикатите и „Жолтите елеци“ протестираат низ Франција

- Advertisement -spot_img

На плоштадот „Република“ во Париз денеска околу пладне избија насилни судири помеѓу демонстрантите и полицијата, не местото што беше почетна точка за најавениот голем протестен марш.

Полицијата во неколку наврати употреби солзавец за да ги растера демонстрантите, од кои некои беа маскирани и облечени во црно, додека други фрлаа пиротехнички средства.

Се очекува десетици илјади луѓе да протестираат ширум Франција, додека студентите, синдикалците и преостанатите припадници на движењето „Жолти елеци“ се здружуваат за да изразат незадоволство од високите цени и сè покревкиот француски социјален модел.

Првиот бран протести започна минатиот месец во средните училишта во сиромашните северни предградија на Париз, каде што незадоволството поради недостигот од наставници и дотраените училишни објекти брзо се претвори во национално движење против нееднаквоста, недоволното јавно финансирање и падот на стандардот.

Протестите доаѓаат во тежок момент за Франција, додека претседателот Емануел Макрон влегува во завршната фаза од својот претседателски мандат, оставајќи зад себе поларизирано гласачко тело и распарчена домашна политичка сцена.

Инвеститорите го повлекуваат својот капитал од францускиот државен долг, со што трошоците за задолжување достигнуваат највисоко ниво во повеќе од две децении.

Опозицискиот лидер Жордан Бардела, чие крајно десничарско „Национално обединување“ води во анкетите во пресрет на претседателските избори следната година, изјави дека очекува насилни протести и дека Франција ја очекува хаотичен викенд.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img