домаХроникаЧетири случаи на насилство врз малолетници за еден ден, полицијата истражува

Четири случаи на насилство врз малолетници за еден ден, полицијата истражува

- Advertisement -spot_img

Четири случаи на напад врз малолетници биле запишани во полицискиот билтен за само еден ден. Во четвртокот, во 10:30 часот во СВР Скопје, Д. Л. (43) пријави дека на 09.10.2026, во доцните вечерни часови, во двор од основно училиште на подрачјето на Бит-пазар, малолетник бил физички нападнат од неколку малолетници, од кои едниот го познавал, а друг малолетник го снимил настанот со мобилен телефон и го објавил на социјална мрежа.

Истиот ден, во 23:50 часот во СВР Скопје, Д. Б. (40) од с. Јурумлери, Скопско, пријави дека околу 19:30 часот, во с. Јурумлери, Скопско, неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице.

Во 20:30 часот во СВР Скопје, Е. Б. А. (48) од Скопје пријави дека околу 15:30 часот на подрачјето на Бит-пазар неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник.

Надворешнатa канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Л. А. (31) од с. Врањовце, Гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело насилство врз дете. На 19.08.2026 во с. Градец, Гостиварско, пријавената физички нападнала дете.

Полицијата презела мерки за расчистување на сите случаи.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img