домаМакедонијаРаскинат е договорот за изградба на лунапаркот во Скопје вреден 10 милиони...

Раскинат е договорот за изградба на лунапаркот во Скопје вреден 10 милиони евра

- Advertisement -spot_img

Раскинат е договорот за изградба на лунапаркот во Скопје вреден 10 милиони евра. Град Скопје во мај склучи договор за договор за проектирање, набавка и монтажа на реквизити за забавниот парк со партерно уредување и пропратни објекти со фирмата „Мастеф“.

Но, договорот е раскинат во август.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека договорот е спогодбено раскинат поради судска одлука која се однесува за реквизитите набавени уште во времето на ексградоначалникот Коце Трајановски.

„Градот тој договор го раскинал па фирмата тужела и по судската постапка го добила случајот, што значи дека Град Скопје мора овие реквизити да ги плати. Кога го распишавме тендерот немаше судска одлука, тоа се случи откако го склучивме договорот. Во тендерот ги имавме предвидено реквизити кои веќе ги има со договорот од времето на Трајановски, и за да не ги дуплираме и трошиме пари, решивме спогодбено да го раскинеме договорот“, вели Ѓорѓиевски.

Сега Градот ќе направи анализа какви реквизити има со претходниот договор и она што го нема ќе се набави со распишување нов тендер.

„Ова ништо не менува, лунапаркот ќе биде готов до крајот на 2027 година како што ветив во програмата. За еден месец ќе почнеме со монтирање на седумте реквизити кои се набавени со претходниот договор и ќе го уредиме просторот за да може да почне да работи. Со новиот тендер ќе набавиме уште неколку, како ролеркостер и панорамско тркало, со кои ќе се дополни паркот. На тој начин договорот ќе чини помалку од 10 милиони евра“, вели Ѓорѓиевски.

Новиот лунапарк ќе се гради на поголема површина од стариот, односно ќе се прошири и на местото каде што беа летните дискотеки во Градскиот парк, кои пред шест месеци беа урнати.

Скопје нема забавен парк 10 години. Ексградоначалникот Петре Шилегов, по доаѓањето на функцијата во 2017, го прекина проектот почнат од претходникот Коце Трајановски, со образложение дека не е добар и дека во Скопје наместо лунапарк ќе се гради забавен парк, на поголема површина и со многу повеќе реквизити за сите возрасти.

Потоа, беше изработена студија од италијанското архитектонско студио „Баса“ која беше презентирана во 2019 и подарена на Град Скопје. Поради пандемијата со ковид-19, проектот во време на Шилегов беше стопиран и парите беа пренаменети за други проекти.

Според проектот, забавниот парк треба да се димензионира за да опслужува околу 3.000 посетители дневно. Предвидено е поставување забавни реквизити од кои дел се адреналински, најголемиот број се за деца, а ќе има и неколку семејни. Во просторот треба да се предвидат и пропратни содржини како место за храна, фонтана, билетара, продавница за сувенири, тоалети.

Со доаѓањето на функција на Данела Арсовска во 2021, овој проект беше закочен, односно ништо не беше направено за да продолжи.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img