домаМакедонијаМицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места...

Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди

- Advertisement -spot_img

Компанијата „Кромберг и Шуберт“ започнува нов инвестициски проект каде што во следните четири години се предвидува отворање на нови 2.000 работни места.

Она коешто тамо ќе се произведува се автомобилски компоненти за германскиот гигант Ауди. Не треба да ве потсетувам што е Ауди и што значи за автомобилската индустрија.

Ова е важна инвестиција за Битола, за Пелагонискиот Регион и за целокупната економија, но и потврда дека како држава располагаме со квалификувана работна сила и индустриски капацитети кои можат да одговорат на највисоките европски стандарди.

Во фабриката во индустриската зона Жабени ќе се произведуваат системи за нов модел на Ауди, со планиран обем од над 3.000 снопови дневно. Инаку, проектот предвидува и воведување современи технологии и дигитализација на производството.

„Кромберг и Шуберт“ досега има реализирано три инвестициски проекти во Жабени. Ќе ме коригирате ако нешто погрешам, во Битола до сега се околу 5.300 или 5.280, во Скопје се нешто над 1.700, со овој проект ќе дојдеме веќе до 10.000 вработени.

Така што довербата што ја има „Кромберг и Шуберт“ во земјата е огромна.

За Битола и цела Пелагонија ова значи нов развоен импулс, за локалното стопанство дополнителни можности, а за граѓаните перспектива за стабилна работа и економска сигурност.

Нашата цел е да бидеме препознаени како сигурна и конкурентна инвестициска дестинација, со силна индустрија, зголемен извоз. Тоа го разговаравме пред почетокот на оваа прес-конференција, следната година од „Кромберг и Шуберт“ очекуваат да надминат 400 милиони евра извоз од своите производни капацитети кај нас. И подобро платени работни места, навистина просечните плати, посебно за висококвалификуваниот кадар се над 80% над просекот во Македонија.

Упатувам благодарност до раководството на „Кромберг и Шуберт“ за довербата, како и до сите вработени кои со својата стручност и посветеност придонесуваат за реализација на вакви проекти.

На крај, сакам да испратам јасна порака.

Ова се нашите цели, ова се нашите приоритети и вака треба да работиме и во иднина за сопствената татковина. Со конкретни инвестиции, со отворање работни места и со резултати.

За жал имаме сѐ уште политички сили коишто се преокупирани со секојдневни политички пресметки, кои што се базирани на конструкции, лаги и измислици, а ние ќе останеме посветени на она што им е важно на граѓаните, тоа се капитални инвестиции, и проекти и приватни инцијативи од овој тип, коишто овозможуваат илјадници работни места, добро платени илјадници работни места.

Со тоа ја правиме разликата, којашто е во делата, а не во зборовите. Граѓаните очекуваат работа, одговорност и резултати, и по тој пат ќе продолжиме.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img