домаМакедонијаММФ ја зголеми прогнозата: Македонската економија со раст од 3,5% во 2026...

ММФ ја зголеми прогнозата: Македонската економија со раст од 3,5% во 2026 година

- Advertisement -spot_img

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја зголеми прогнозата за раст на македонската економија во 2026 година од претходно очекуваните 3,1 на 3,5 проценти. Со оваа ревизија, Македонија се вбројува меѓу земјите со највисок проектиран економски раст во регионот, додека за 2027 година Фондот предвидува раст од 3,2 проценти.

Според најновите проекции, ист економски раст од 3,5 проценти годинава се очекува и во Албанија и Косово. За Србија ММФ прогнозира раст од 3,2 проценти, за Црна Гора од 3 проценти, а за Бугарија од 2,6 проценти.

Пониски стапки на економски раст се предвидуваат за Босна и Херцеговина, од 2,3 проценти, Хрватска, од 2,2 проценти, и Грција, чија економија се очекува да порасне за 1,8 проценти.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img