Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во септември 2026 година спровел 2.157 инспекциски надзори низ државата, при што издал 569 прекршочни платни налози во вкупна вредност од 13,74 милиони денари.
Најмногу контроли биле извршени во трговијата 521, финансиската дисциплина 458 и угостителската дејност 299. Според податоците на Инспекторатот, најмногу прекршочни налози биле издадени за финансиска недисциплина 192, потоа за трговија 116 и угостителска дејност 94.
Во истиот период биле изречени и 81 опомена, по кои ќе следуваат контролни надзори за да се утврди дали се отстранети утврдените неправилности.
Од ДПИ најавуваат дека продолжуваат со континуирани инспекциски проверки и постапување по пријави од граѓани и институции.






