Почнува изградбата на автопатот Букојчани – Кичево. За денеска е закажан официјалниот почеток на изградбата на кој ќе присуствуваат премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски.
Оваа автопатска делница е дел од Коридорот 8 која ги поврзува превојот Стража со Кичево.
Проектот треба да се реализира во две фази – првата ја опфаќа трасата од селото Црвевци до Кичево, а втората од Долно Строгомиште до Црвевци.
Средствата се обезбедени преку заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и грантови од Инвестициската рамка за Западен Балкан.






