За да се спречат пожарите на регионалната депонија Шапкар, Општина Струмица ја почна постапката за поставување земјен слој од половина метар на целата депонија. Во соработка со механизација на повеќе компании се покрива досегашниот наталожен отпад на Шапкар операција која ќе продолжи и во наредниот период
Депонијата Шапкар од оваа лето е под 24 часовен видеонадзор со четири камери. Таму веќе има механизација која е деужура и интервенира при појава на пожар.
На Шапкар се депонира отпадот од четирите општини од струмичкиот регион. Државата планира на оваа локација да се депонира комуналниот отпад од Југоисточниот плански и вардарскиот регион.






