домаМакедонијаЌе се наплаќа влез на Скопското Кале

Ќе се наплаќа влез на Скопското Кале

- Advertisement -spot_img

За посета на Скопското Кале ќе се наплаќа влез откако локалитетот ќе биде целосно уреден и ставен во функција, најави премиерот Христијан Мицкоски.

Според најавата, активностите за уредување на Калето треба да започнат годинава, а доколку работите се одвиваат според планот, локалитетот треба да добие нов изглед во текот на следната година.

„Нормално е дека ќе се наплаќа. Не сега, туку кога ќе биде пуштено, кога ќе биде средено, како што е секаде во светот“, рече Мицкоски.

Тој оцени дека сегашната состојба и досегашното хортикултурно уредување не го користат целосниот потенцијал на еден од најзначајните историски локалитети во Скопје.

Владата, според Мицкоски, ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка за уредување на Калето и негово претворање во позначајна туристичка атракција.

Планот е локалитетот да биде вклучен и во програмата за „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img