домаРегионКокаин скриен во тропско овошје стигнувал во Европа: Разбиена мрежа поврзана со...

Кокаин скриен во тропско овошје стигнувал во Европа: Разбиена мрежа поврзана со над 43 тони дрога

- Advertisement -spot_img

Голема меѓународна полициска операција доведе до разбивање криминална мрежа осомничена дека со години шверцувала огромни количества кокаин од Латинска Америка кон Европа, сокривајќи ја дрогата во легални пратки со тропско овошје.

Во последната акција, спроведена на 8 октомври во Еквадор, биле уапсени 20 лица и извршени претреси на 23 локации. Операцијата под кодно име „Кантабрија“ била спроведена од еквадорските власти во соработка со шпанската полиција и со поддршка на Европол.

Според истрагата, мрежата ја користела развиената поморска трговија на Еквадор за транспорт на кокаин кон Европа. Дрогата била сокривана во комерцијални товари, а како покритие биле користени компании за увоз и извоз на тропско овошје.

Организацијата имала бази во Перу и логистички врски со Белгија, Шпанија и Холандија, како и оперативни контакти во Обединетите Арапски Емирати.

Во рамки на пошироката истрага, во 13 големи операции спроведени од 2022 до 2026 година биле запленети повеќе од 43 тони кокаин. Дел од истрагата била потпомогната и од дешифрираните комуникации преку криптираната платформа Sky ECC.

Меѓу најголемите заплени поврзани со истрагата е рекордната пратка од околу 13 тони кокаин откриена во Шпанија. Европол потсетува и на случај од декември 2020 година, кога во Холандија биле пресретнати два контејнера со банани од Еквадор во кои биле сокриени речиси четири тони кокаин.

„Криминалните мрежи не познаваат граници, па ниту нашиот одговор не смее да ги познава“, порача европскиот комесар за внатрешни работи и миграција Магнус Брунер, оценувајќи дека операцијата прекинала значајна рута за внесување кокаин во Европа.

Истрагата продолжува со цел да се утврди целосната структура на мрежата и нејзините меѓународни врски.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img