домаМакедонијаПетар Арсовски: Подобро е да вградиме гаранции дома, отколку нереално да ги...

Петар Арсовски: Подобро е да вградиме гаранции дома, отколку нереално да ги бараме од ЕУ

- Advertisement -spot_img

Мислам дека неколку пати, разбираме дека вистинско поместување на патот кон ЕУ без уставни измени нема да биде можно. И, тоа како формат на европски консензус му било повторено на министерот Муцунски и во Софија. Најдоброто сценарио за нас е што од средбата излезе една порака која вели – Бугарија нема нови услови, но она што е договорено, треба да се испочитува. Тоа може да има некакво охрабрување во суштинска смисла. Инаку се другото е дипломатски протокол, а не суштински пробив, ја коментира во видео-интервју за „Фокус“ министерската средба во Софија на Муцунски и Петрова Чамова, политичкиот аналитичар Петар Арсовски.

Во разговорот, Арсовски нагласува и дека е нереално да се очекува некој да ни го гарантирам европскиот пат нам.

„Тоа како, нап пример, студент кој сака да се запише на факултет да каже – доколку не ми гарантирате дека нема да паднам на ниту еден испит, не ниту да се запишам на факултетот. И, во таа ситуација не губи факултетот – губи студентот“ вели тој.

Според Арсовски, ние внатрешно може да се договориме, дека доколку има нови билатерални условувања надвор од копенхашките критериуми, Македонија ќе ги прекине преговорите. И, затоа е подобро да се вградат внатрешни гаранции дома, отколку да се бараат нереално гаранции од ЕУ.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img