домаМакедонијаВо август во Охрид издадени 10 одобренија за градба, во Струга 23,...

Во август во Охрид издадени 10 одобренија за градба, во Струга 23, а во Дебрца ниту едно

- Advertisement -spot_img

Во август годинава во Охрид биле издадени 10 одобренија за градење, објавија од Државниот завод за статистика на Република Македонија.

Во шест случаи како инвеститор се јавува физичко лице, додека четири одобренија се издадени на правен субјект. Предвидена е градба на 94 станови, најмногу двособни и трособни, со вкупна корисна површина од 5.178 м². Во анализираниот период во Општина Струга се издадени дури 23, додека во Дебрца ниту едно одобрение за градба.

На ниво на Република Македонија, во август 2026 година издадени се 333 одобренија за градење. Од вкупниот број на издадени одобренија, 224 се наменети за објекти од високоградба, 18 за објекти од нискоградба и 91 за објекти за реконструкција. Од вкупно 333 објекти, на 231 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 102 инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 1.030 станови, со вкупна корисна површина од 80.530 м².

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img