домаМакедонијаВо која земја од екс Југославија најмногу се зголемил уделот на градското...

Во која земја од екс Југославија најмногу се зголемил уделот на градското население?

- Advertisement -spot_img

Во периодот од 1960 до 2025 година најголемо зголемување на градското население на просторот на поранешна Југославија имало во Црна Гора. Анализата на Statista, покажува дека во оваа мала земја луѓето забрзано ги напуштале селата и заминувале во градовите. Црна Гора денес има повисок процент на урбано население за разлика од другите држави во регионот. Уделот на урбаното население лани изнесувал 65,61 отсто.

„Следејќи постојан нагорен тренд, овој удел е зголемен за 41,04 процентни поени во однос на 1960 година“, се наведува во анализата на Statista.

Од Црногорската заедница во Македонија објаснуваат дека луѓето ги напуштале селата во Црна Гора и заминувале во градовите поради работа.

„Два фактори довеле до таква состојба. Пресудна е индустријализацијата, а вториот фактор се слабите ресурси за одржување на некоја дејност поврзана со селото. Останале еден дел од жителите на село, но не сите. Карактеристично за Црногорците е дека во почетокот на 20-ти век оделе на печалба во странство, па дури заминувале и во Јужна Америка. Црногорската заедница од Македонија е во контакт со сите други заедници во странство. Во селата во Црна Гора кои се покрај автопат се враќаат некои луѓе, инфраструктурата си го прави своето, а онаму каде нема вода тоа е тешко. Се прават кампови за странци во руралните села и тоа е еден чекор напред“, велат од Црногорската заедница во Македонија.

Миле Милошевски кој поседува имот во Црна Гора објаснува дека таму постојат села кои се напуштени, но има и други каде има позитивни сигнали за развој, посебно на северот.

„Иста е ситуацијата како кај нас. Сега во северниот дел кај Жабјак се развиваат селата со селски туризам. Имам пријателка која од приморје замина во Колашин и во зима си е таму, а планира и во лето таму да престојува, си издава викендица. Има села кај Никшиќ кои се испустени, но има и села кои се живи и тие се таму каде што има природни убавини, кај реката Тара на пример“, рече Милошевски.

Во другите држави во регионот, состојбата е малку поразлична. Уделот на урбаното население во Македонија во 2025 година изнесувал 62,89 отсто, анализира Statista.

„Во периодот од 1960 до 2025 година, овој удел се зголеми за 28,88 процентни поени, иако растот се одвиваше по нерамномерна траекторија, а не по конзистентен нагорен тренд“, се наведува во делот за нашата земја.

Уделот на урбаното население во Србија лани изнесуваше 62,64 отсто. Во периодот од 1960 до 2025 година, овој удел се зголеми за 33,58 процентни поени, иако растот се одвиваше по нерамномерна траекторија, а не по континуиран нагорен тренд.

Уделот на урбаното население во Словенија минатата година изнесуваше 55,99 отсто. Во периодот од 1960 до 2025 година, овој удел се зголеми за 27,74 процентни поени.

Градското население во Хрватска во 2024 година сочинуваше 57,52 отсто. Во периодот од 1960 до 2024 година, овој удел се зголеми за 27,39 процентни поени. Растот се одвиваше по нерамномерна патека, а не по континуиран нагорен тренд.

Уделот на градското население во Босна и Херцеговина(БиХ) лани изнесуваше 52,69 отсто. Следејќи постојан нагорен тренд, овој удел се зголеми за 33,69 процентни поени во однос на 1960 година, анализира Statista.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img