домаМакедонијаСообраќајната полиција доби 33 нови мотоцикли

Сообраќајната полиција доби 33 нови мотоцикли

- Advertisement -spot_img

Сообраќајната полиција е опремена со 33 нови полициски мотоцикли и комплетна заштитна опрема, чија вкупна вредност изнесува над 16,8 милиони денари.

Новата опрема е наменета за зајакнување на капацитетите на сообраќајните единици и подобрување на ефикасноста на полициските службеници на терен, со цел поголема безбедност во сообраќајот.

Доделувањето на новите мотоцикли и опремата е резултат на соработката меѓу Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).

Од институциите посочуваат дека модернизацијата на возниот парк и опремата на полицијата е дел од пошироките активности за намалување на сообраќајните несреќи и подобрување на контролата на патиштата.

Новите полициски мотоцикли ќе овозможат побрзо реагирање, подобра мобилност и поефикасно спроведување на сообраќајните контроли, особено во услови на зголемен интензитет на сообраќај.

„Со модернизацијата на опремата и засилените контроли веќе правиме значајни чекори кон намалување на сообраќајните незгоди и бројот на загинати и повредени лица“, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Од МВР и РСБСП порачаа дека активностите за подобрување на безбедноста во сообраќајот ќе продолжат и во следниот период.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img