домаМакедонијаРечиси 200 наставници од 80 училишта обучени за вештачка интелигенција

Речиси 200 наставници од 80 училишта обучени за вештачка интелигенција

- Advertisement -spot_img

Речиси 200 наставници од 80 средни училишта во Македонија поминале деветмесечна обука за користење вештачка интелигенција во образованието, реализирана во партнерство со „Брејнстер некст“.

На 100-те најуспешни наставници денеска им беа доделени сертификати, а десетмина од нив се избрани за амбасадори за вештачка интелигенција, кои во иднина ќе им помагаат и на своите колеги.

Сертификатите ги додели министерката за образование и наука Весна Јаневска, која порача дека наставниците мора да бидат подготвени да ги водат учениците низ можностите, но и ризиците што ги носи вештачката интелигенција.

„На наставниците им е потребно знаење со кое ќе ја унапредат сопствената работа и ќе ги водат учениците низ можностите и предизвиците што ги отвора вештачката интелигенција. Важно е стекнатото знаење да го споделуваат со колегите, но и постојано да го надградуваат“, изјави Јаневска.

Таа нагласи дека ВИ веќе го менува образованието и дека учениците треба да научат да ја користат етички и одговорно, без да ги загубат критичкото размислување, креативноста и способноста самостојно да доаѓаат до заклучоци.

Основачот на „Брејнстер некст“, Петар Ниновски, информираше дека во изминатите девет месеци биле организирани 153 курса, на кои биле обучени 195 наставници од 80 училишта во сите осум плански региони.

Според него, наставниците веќе ја користат вештачката интелигенција за подготовка на материјали, персонализирано учење, квизови и тестови, визуелизации, следење на напредокот на учениците и автоматизација на дел од административните обврски.

Ниновски посочи дека дел од предавачите на курсевите работат во компании како „Мајкрософт“, „Гугл“, IBM, Tesla и OpenAI, со што наставниците имале можност директно да учат од експерти со искуство во областа.

Јаневска предупреди и на ризиците од некритичко користење на ВИ, особено ако учениците целосно се потпираат на готови одговори или престанат самостојно да истражуваат и размислуваат.

Како еден од начините за спречување препишување, таа посочи дека наставниците со помош на ВИ можат да подготвуваат различни тестови за секој ученик, а во училиштата дополнително се ограничува употребата на мобилни телефони за време на наставата.

Според Јаневска, и други високообразовни институции спроведуваат слични програми, а досега во Македонија се обучени повеќе од 1.000 наставници за користење на вештачка интелигенција.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img