Илјада пациенти со канцер на дојка се дијагностицирани минатата година, а во овој момент на активен третман на Клиниката за радиотерапија и онкологија се 7.000 заболени, истакнаа од здружението „Хема-онко“ на настанот што го организираа денеска на Клиниката, а кој е посветен на пациентите, здравствените работници и заедничкото градење подобра и посеопфатна онколошка грижа.






