Судскиот совет како основана ја потврди претставката на 75 вработени во кумановскиот суд кои се пожалија од претседателката Снежана Манев дека трпат навреди, страв, психолошки притисоци, заплашување, недолично однесување и за нарушена работна атмосфера. Конфликтот е мегу претседателката и судски администратор а последиците ги трпат вработените. Работна група од судскиот совет го посетила кумановскиот суд и разговарале со 65 вработените а на седница беше презентиран извештајот со забелешките и наодите
„15 изјавија дека лично искусиле или биле сведоци на конкретните наводи во претставката. Другите вработени изјавија дека слушаат постојани викања, повисоки тонови на обраќање, дека чувствуваат притисок и лоша работна атмосфера, дека не се согласуваат со начинот на кој се постапува со годишните одмори, дека се чувствуваат понижено и дека постои чувство на постојан надзор од претседателката“, рече Сузана Јошевска Анастасовска, членка на Судкси совет.
Во одговорот до судски Манев кажала дека обвинувањата се неосновани, тенденциозни и паушални и дека зад претставката стои мала група вработени од кои барала дисциплина и отчетност во работењето на чело со судскиот администратор. Вршела контроли и интервенирала затоа што судската служба не функционирала одговорно. Осум членови беа за основаност на претставката , двајца сметаа дека судскиот совет не треба да брза или пак дека нема надлежност.
„Начинот на кој што таа управува е преку прекумерна строгост, лоша вербална комуникација, страв на вработените и сметам дека тоа значи излегување од нејзините законски надлежности и претставката е основана“, рече Сузана Јошевска Анастасовска членка на Судски совет.
„Дали претседателот треба да дозволи вработените да не одат на работа, да се куцаат вештачки преку лица со картички. Во услови кога било побарано од судскиот администратор да преземе мерки – кога видела дека нема резултати, си вовела тетратка кому смета тетратката – на неработнициите. Ако сака судот да биде ажурен, треба да го преземе тоа“- рече Ивица Николовски, член на Судкси совет
„ Не може ние по поплаки да одлучуваме дали ќе разрешиме или не претседател, без утврдени факти како работел и дали се основани наводите во поплаките“, рече Тања Чачарова Илиевска членка на Судкси совет
„Не можеме да замижуваме – нешто се случува таму. И патот на пеколот е поплочен со добри намери“, рече Антоанета Димовска членка на Судски совет
Од синдикатот на УПОЗ неодамна предупредија дека доколку Судскиот совет не постапи по претставките на вработени ке има штрајк. Бараат и нејзино разрешување поради мобинг кон дел од вработените.






