домаМакедонијаСудскиот совет ја прифати претставката поднесена од 75 вработени во судската администрација

Судскиот совет ја прифати претставката поднесена од 75 вработени во судската администрација

- Advertisement -spot_img

Судскиот совет ја прифати претставката, потпишана од 75 судски службеници против претседателката на Кумановскиот суд, поради како што велат, мобинг и навреди. Членовите со спротивставени ставови дали претставката треба да се разгледува на седница без извештајот на работната група. Претседателката Манев ги отфрли обвинувањата како неосновани и паушални. Минатиот месец, судските службеници излегоа на протест со барање за оставка на претседателката Манев.

Со мнозинство гласови, Судскиот совет ја прифати претставката, поднесена од 75 од вкупно 90 вработени во судската администрација, за како што наведуваат, долгогодишен мобинг, навреди и притисоци од Претседателката на Основниот суд во Куманово, Снежана Манев. Бараат и нејзино разрешување.

На седницата, спротивставени ставови на членовите на Судски, дали се надлежни да расправаат за претставката. Извештајот на работната група за состојбите во кумановскиот суд е готов, но сè уште не е дојден на дневен ред. Известителката, пред членовите на советот, го потенцираше и проблемот меѓу Претседателката и судскиот администратор.

За членот на Советот, Ивица Николовски, расправата е беспредметна. Побара на посебна седница да се разгледува само извештајот на работната група.

Претседателката на Кумановскиот суд Снежана Манев, во изјава за МТВ ги отфрли обвинувањата како неточни и паушални, тврдејќи дека станува збор за група службеници кои одбиваат да си ги извршуваат работните обврски и злоупотребуваат боледувања. Вработените кои пред две недели излегоа на протест пред судот се заканија дека нема да престанат да протестираат сè додека Претседателката Манев не поднесе оставка.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img