домаМакедонијаРаст на извозот и увозот: Надворешнотрговската размена бележи раст во првите осум...

Раст на извозот и увозот: Надворешнотрговската размена бележи раст во првите осум месеци

- Advertisement -spot_img

Надворешнотрговската размена на Македонија бележи раст во првите осум месеци од годинава, при што и извозот и увозот се зголемени во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вкупната вредност на извозот на стоки во периодот јануари – август 2026 година достигнала 353, објави 4news.mk 757,0 милиони денари, што претставува пораст од 8,81 отсто во споредба со истиот период од 2025 година.

Во истиот период, вредноста на увезената стока изнесува 502.607,4 милиони денари и е зголемена за 7,99 отсто на годишно ниво.

Според Стандардната меѓународна трговска класификација, во извозот најголемо учество имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1, како и други катализатори на носачи.

Кај увозот најзастапени се нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали, освен сурови, платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од платинската група и нивните легури, необработени или во облик на прав, како и други моторни возила за превоз на лица.

Во периодот јануари – август 2026 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најголеми трговски партнери на Македонија се Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија. Овие пет земји учествуваат со 49,7 отсто во вкупниот обем на надворешнотрговската размена.

Земјите членки на Европската унија, пак, учествуваат со 58,5 отсто во вкупната надворешнотрговска размена на земјата.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img