домаМакедонијаУсвоени измените за боледувањата, се воведуваат повеќе олеснувања за осигурениците

Усвоени измените за боледувањата, се воведуваат повеќе олеснувања за осигурениците

- Advertisement -spot_img

Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување, на продолжението на 33. седница, едногласно ги усвои измените на Правилникот со кој се уредуваат критериумите за утврдување на привремена спреченост за работа.

Матичниот лекар и понатаму ќе може да утврдува боледување до 15 дена, додека за период подолг од 15 дена одлучува лекарската комисија на Фондот. Од ФЗО појаснуваат дека промената од седум на пет дена не значи дека боледувањето завршува на петтиот ден, туку дека по тој период, доколку има потреба од продолжување, се применуваат медицинските критериуми за конкретната дијагноза.

Со измените се предвидуваат и повеќе олеснувања за осигурениците и матичните лекари. За дел од дијагнозите нема да биде потребно пациентите да се упатуваат на лабораториски испитувања, а за одредени состојби се проширува временската рамка предвидена со критериумите.

По 15-тиот ден, предлогот за привремена спреченост за работа матичниот лекар ќе го доставува електронски, наместо преку досегашната рачна постапка.

Се прошируваат и случаите во кои боледувањето може да се утврди без физичко присуство на осигуреникот. Тоа ќе важи, меѓу другото, за тешко болни, неподвижни и тешко подвижни лица, лица на болничко лекување и други оправдани случаи.

Кај хроничните заболувања ќе може да се користат постојните дијагностички наоди, доколку се во периодот на важност, без непотребно повторување на испитувањата. Се прецизираат и условите за ретроактивно утврдување на боледување во оправдани случаи, вклучително и по завршено болничко лекување.

Олеснувања се предвидени и за бремени жени и доилки во однос на радиодијагностичките испитувања со јонизирачко зрачење, кога состојбата е потврдена со специјалистички извештај. Кај определени тешки заболувања се предвидуваат и исклучоци од обврската за конзилијарно мислење за боледувања подолги од 60 дена.

Од Фондот наведуваат дека измените се резултат на повеќемесечна стручна работа и анализа на критериумите, од кои значаен дел потекнуваат од 2012 година. Целта, како што посочуваат, е нивно усогласување со современите медицински и дијагностички можности, но и намалување на административните обврски за пациентите и лекарите.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img