домаМакедонијаСе истражуваат сомнежи за милионски криминал

Се истражуваат сомнежи за милионски криминал

- Advertisement -spot_img

Управата за финансиска полиција и МВР влегоа во домовите на осомничените за милионскиот криминал во Државната лотарија на Македонија, неофицијално дознава Инфомакс.

Се работи за проневера констатирана, меѓу другото и од Државниот завод за ревизија. Инфомакс претходно детално пишуваше за овој криминал, каде покрај останатите проневери е ваден и кеш од просториите на Државната лотарија на Македонија, а неофицијално истиот е изнесен и надвор од државата.

Споре првичните информации се работи за двајца осомничени кои ја злоупотребиле својата позиција во Лотарија за време на директорувањето на Перпарим Бајрами кој е осомничен за уште еден случај со милионски криминал

Се започнува со извештајот на Државниот завод за ревизија кој утврдисериозни финансиски неправилности во работењето на Државна лотарија во 2024 година, во периодот кога директор бил Перпарим Бајрами. Ввкупната финансиска штета се проценува на најмалку 3,5 милиони евра, а наодите од ревизијата веќе се предмет на постапување на Јавното обвинителство.

Констатирани се нелогични трансакции, записи без соодветна документација и трансакции поткрепени со неверодостојни документи.

Еден од најголемите проблеми се однесува на готовината од десетте продажни места на Лотарија. Во 2024 година бил остварен дневен пазар од вкупно 46 милиони денари, или околу 747.000 евра, но парите не биле редовно уплаќани на банкарските сметки, иако тоа е законска обврска. Во текот на целата година биле евидентирани само две уплати како „дневен пазар“, а ревизорите утврдиле дека тие всушност биле пари подигнати од една сметка и префрлени на друга.

Дополнително, едно лице практично било задолжено и за приемот и ракувањето со готовината и за нејзиното сметководствено евидентирање, додека внатрешната ревизија не функционирала. Ревизорите оценуваат дека ваквата поставеност создала услови за недозволени активности и можна злоупотреба на средства.

Особено сериозен е наодот за нереални и неоправдани сметководствени записи и нелогични трансакции во вкупна вредност од 122,49 милиони денари, односно речиси два милиони евра. Ревизијата утврдила и спорна документација за аванси за исплата на добивки, а дел од вработените изјавиле дека парите заведени во документацијата всушност не биле ниту примени ниту вратени.

Проблеми се откриени и кај инстант-лозовите. Фондот за неисплатени добивки во сметководството бил за повеќе од 63 милиони денари помал од износот во централниот онлајн систем. Кај наградите во станови, автомобили и електрични скутери, пак, ревизорите утврдиле недостиг на соодветна евиденција и неевидентирани трошоци од десетици милиони денари.

Од сегашното раководство на Државна лотарија велат дека ревизијата била побарана од актуелниот директор Александар Климовски по сомнежи за работењето на претходното раководство. Материјалите биле доставени до надлежните институции, а лицата кај кои биле констатирани неправилности биле прераспределени и повеќе немаат пристап до секторите во кои претходно работеле.

Од Јавното обвинителство потврдиле дека ревизорскиот извештај е предмет на постапување и дека неговите наоди се опфатени во повеќе постапки. Во меѓувреме се вршат ревизии и на други правни лица поврзани со Државна лотарија.

Клучното прашање сега е дали истрагата ќе утврди каде завршиле спорните средства, кој е одговорен и дали лицата опфатени со случајот се достапни за органите на прогонот.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img