домаМакедонијаРасте посетеноста на културно историските локалитети во Охрид

Расте посетеноста на културно историските локалитети во Охрид

- Advertisement -spot_img

Расте бројот на посетители на културно-историските локалитети во Охрид. За разлика од минатото, кога најголем интерес имаше во летниот период, последните години посетеност има во текот на целата година. Најмногу влезници се продаваат за Музејот на вода, Самуиловата тврдина и Куќата на Робевци.

„Годинава изненадувачки имаме пораснат број на посетители и во Заливот на коските и во Самуиловата тврдина, но сè уште го немаме надминато оној рекорд кој беше претходната 2019 година. Ние не сакаме масовен туризам. Значи, онолку колку што имаме посетители, за нас е доволно. Имаме доволно приходи, само треба правилно распоредување на тие приходи во функција повторно на заштитата“, изјави Горан Патчев, директор на Завод и музеј Охрид.

Послаба посетеност има Галеријата на икони, иако станува збор за една од највредните збирки во светот, организираните групи ја немаат на својата маршрута.

„Вредноста на оваа галерија и на презентираните икони во галеријата е од светско реноме. Не постои изложба во светот на тема Византија, а да не била побарана некоја од овие икони. Некои се со физичко присуство изложени, сега со современите техники некој бара и фотографија да биде вметната во каталог или било како. Но посетеноста на оваа галерија е само на одреден тип на посетители“, истакна Катерина Велковска, историчар на уметност.

Годинава се уредува Самуиловата тврдина. Во тек се археолошки истражувања, а предвидена е и изградба на две нови гледалишта за претстави, уредување на патеки, поставување информативни табли и илуминација.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img