Заменик-министерот за одбрана Адмир Шабани, заедно со претставници на Националниот парк „Шар Планина“, изврши увид во тековните активности за санација и обновување на шумскиот патен правец од Попова Шапка, преку бачило Мурсел, до Ново Село.
Активностите се реализираат со поддршка на Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија, чии капацитети се ангажирани за подобрување на пристапноста до планинските подрачја и шумските патишта на Шар Планина.
Обновувањето на овој патен правец има значајна улога за локалното население, сточарите и посетителите, а истовремено придонесува и за развој на туризмот и другите активности во рамките на Националниот парк.

Од Националниот парк изразија благодарност до заменик-министерот Адмир Шабани, Министерството за одбрана и Армијата за поддршката и ангажманот во реализацијата на теренските активности.
Работите ќе продолжат и на патните правци кон Раковец, Јеловјане, Ново Село и Ѓурѓевиште, како и на други делници од шумската патна мрежа каде што е потребна санација и интервенција.
Институционалната соработка меѓу Националниот парк, Министерството за одбрана и Армијата претставува пример за заедничко дејствување во интерес на локалното население, посетителите, како и заштитата и одржливиот развој на Националниот парк „Шар Планина“.
„Шар Планина – преку заедничка работа, кон подобра иднина“, порачуваат од Националниот парк.
https://www.facebook.com/share/p/193XY332aV/?mibextid=wwXIfr






