Одделот за организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи (МВР), под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), спроведува полициска акција на територијата на повеќе градови во државата.
Како што информираат од МВР, акцијата е насочена кон сузбивање на кривични дела од областа на неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Подетални информации за преземените мерки и активности, како и за резултатите од акцијата, од Министерството за внатрешни работи најавуваат по нејзиното целосно завршување.






