домаМакедонијаПо три децении пропаднати тендери, државата сама ќе го гради „Чебрен“?!

По три децении пропаднати тендери, државата сама ќе го гради „Чебрен“?!

- Advertisement -spot_img

По повеќе од 30 години неуспешни обиди, Владата најавува дека е блиску до одлуката хидроенергетскиот проект „Чебрен“ да се финансира и реализира со државни средства.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека веќе има заинтересирани финансиски институции и доколку сè се одвива според планот, камен-темелникот би можел да се постави следната година, објави 4news.mk Тој истакна дека изградбата на овој мегапроект ќе трае подолго од мандатот на една влада, но ќе донесе повеќекратни придобивки за енергетската стабилност и управувањето со водите во услови на климатски промени.

Идејата за „Чебрен“ датира уште од 1964 година, но по десетици пропаднати тендери, останува да се види дали овојпат најавите конечно ќе се реализираат на терен.

Паралелно со ова, најавена е инвестиција од 46 милиони евра за модернизација на шест големи хидроелектрани во системите „Маврово“, „Црн Дрим“ и „Тиквеш“. Со замената на застарената опрема во следните неколку години треба да се намалат дефектите, да се зголеми безбедноста и да се продолжи работниот век на постројките.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img