Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата, во рамките на своите законски надлежности, спроведе контролни активности опфатени со над 30 откупни центри на териториите на општините Гевгелија, Струмица, Кривогаштани и Ресен, кои вршат откупна земјоделски и градинарски производи, при што предмет на контролата беа, меѓу другото, откупот на пиперка и јаболко. Контролните активности беа спроведени преку непосредни увиди и прибирање податоци и документација од откупните центри, со цел да се утврди начинот на формирање на откупните цени, условите под кои се врши откупот, како и начинот на кој откупните центри ги утврдуваат именуваат своите цени.
При досегашната обработка на прибраните податоци и документација се утврдени одредени индиции кои упатуваат на можни прекршувања на прописите од надлежност на Комисијата. Комисијата во наредниот период ќе продолжи со детална анализа и проверка на прибраните податоци и документација, по што, согласно утврдените факти законските овластувања, ќе бидат преземени соодветни мерки.
Комисијата ја нагласува својата определба за доследно спроведување и почитување на правилата на конкуренција и ќе продолжи активно да постапува во сите случаи во кои постојат индиции за нивно нарушување, со цел обезбедување ви услови за пазарно натпреварување и заштита на интересите на сите учесници на пазарот.






