домаСветБил Гејтс: Поради отпорот кон вакцинацијата, искоренувањето на сипаниците повеќе не е...

Бил Гејтс: Поради отпорот кон вакцинацијата, искоренувањето на сипаниците повеќе не е остварлива цел

- Advertisement -spot_img

Поради отпорот кон вакцинацијата во богатите земји, целосното искоренување на сипаниците како глобална закана за јавното здравје денес веќе не е остварливо, изјави Бил Гејтс.

Коосновачот на „Мајкрософт“ и милијардер истакна дека искоренувањето на таа смртоносна детска болест претходно било една од можните цели на неговата фондација, што се занимава со глобалното здравје и со најсиромашните луѓе во светот.

Сепак, тој план сега е целосно отфрлен поради сè поголемото колебање и одбивање на вакцинацијата во развиените земји Станува збор за скептицизам што со децении го застапува Роберт Ф Кенеди Џуниор, актуелен американски министер за здравство во администрацијата на претседателот Доналд Трамп.

„Во еден момент фондацијата сакаше да ги искорени сипаниците, но поради отпорот кон вакцинацијата во богатите земји тоа повеќе не е меѓу нашите цели Мислам дека тоа на некој начин е трагично“, изјави Гејтс.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img