домаМакедонијаМЗ иницира вонреден инспекциски надзор за третманот што го добила медицинската сестра...

МЗ иницира вонреден инспекциски надзор за третманот што го добила медицинската сестра Љубица Шавреска која го загуби плодот

- Advertisement -spot_img

Министерството за здравство со внимание ги следи и сочувствува со наводите изнесени во јавноста од страна на медицинската сестра Љубица Шавреска, поврзани со третманот што го добила во текот на бременоста, пред нејзината бременост трагично да заврши со загуба на плодот.

Свесни за тежината на искуството на пациентката и со цел целосно и објективно да се утврдат сите околности, Министерството веднаш иницираше барање до Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) за спроведување надзор над постапувањето на здравствените установи и медицинскиот персонал вклучени во случајот.

По спроведениот вонреден инспекциски надзор од страна на ДСЗИ, Министерството за здравство ќе формира комисија за стручен надзор над работата на здравствените работници кои учествувале во лекувањето на пациентката.

Министерството за здравство ќе постапи исклучиво професионално, врз основа на утврдени факти и стручни наоди. Доколку во постапката на инспекциски надзор се утврдат евентуални пропусти во постапувањето, Министерството ќе постапи целосно согласно важечките законски прописи.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img