Машко лице утрово скокнало во водите на реката Вардар на подрачјето на Гази Баба, по што било извлечено и со возило на Брза помош пренесено во болница.
Од МВР информираат дека случајот бил пријавен денеска околу 08:00 часот во СВР Скопје. Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот.
Лицето било пронајдено во реката, по што екипа на Итната медицинска помош го презела и го пренела во болница за укажување лекарска помош.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.






