домаРегионВирус коси низ училиштата во Словенија: Толку многу деца не изостанале од...

Вирус коси низ училиштата во Словенија: Толку многу деца не изостанале од настава уште од пандемијата на КОВИД-19

- Advertisement -spot_img

Две основни училишта во Љубљана изминатите денови се соочуваат со незапаметен бран на отсуства на ученици поради стомачни проблеми. Во основното училиште „Косезе“ во петокот отсуствуваа дури 500 од вкупно 700 ученици, додека во основното училиште „Божидар Јакац“ отсуствуваа 214 ученици — речиси половина од вкупниот број ученици, пишува 24ur.com. Поради настанатата ситуација, училиштата спроведоа вонредни мерки, а се сомнева на присуство на високозаразниот норовирус.

Во основното училиште „Божидар Јакац“, покрај 214-те ученици, на настава не дојдоа ниту петмина наставници, но наставата се одвиваше нормално.

„Вчера имавме инспекција која не покажа неправилности, а дополнително ја дезинфициравме кујната“, изјави директорката Елвира Сушец и додаде дека ги дезинфицирале кваките на вратите, масите и почесто ги проветрувале просториите.

Слични мерки се спроведуваат и во основното училиште „Косезе“, каде што исто така отсуствуваа петмина наставници, но и 500 деца.

„Наставата се одвиваше нормално, кујната беше затворена, па имавме кетеринг — сува храна“, изјави директорката на училиштето, Лориета Печолер.

Националниот институт за јавно здравје на Словенија, поради големиот број заболени, започна епидемиолошка обработка и препорача децата кои повраќаат или имаат дијареја да останат дома.

Според првичните сознанија, сомнежот сè повеќе се насочува кон вирусна инфекција, а помалку кон училишната храна. Марија Фабчич од Градската управа на Љубљана изјави за 24ur дека сè повеќе показатели укажуваат на поголема епидемија на вироза, особено во училиштето „Косезе“.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img