Над 623 милиони денари исплатени за надоместоци за боледувања во месец август од кои што 414 милиони денари за породилни отсуства кажа директорот на ФЗОМ, Златко Перински. Кој рече дека истовремено морале да бидат одговорни и кон системот со кој управуваат, посочувајќи дека тоа значи дека треба има воспостовани правила и механизми во делот на контролата. За таа цел, Перински кажа дека ќе биде предложено на Управниот одбор, предлог измена на Правилникот за боледување но и предлог измена на критериумите за контрола на ФЗОМ да биде сигурен дека средствата кои што се исплаќаат стигнуваат до оние на кои што тоа им е најпотребно но и превенција на потенцијална злоупотреба на боледувањата.
Во делот на инвитро оплодувањата, Перински потенцираше дека од нешто повеќе од 1.880 обиди, 237 обиди се однесуваат на 4,5 или 6-ти обид, што според Перински, измените кои ги преземале соодвестува согласно потребите на осигурениците и потенцијалните мајки.
За пациентите кои што добиле рецепт од страна на дежурните служби во рамки на издаден рецепт кој согласно сегашниот правилник истиот тој рецепот треба да се реализира до полноќ се предлага измена за истиот тој рецепт да може да бид еискористен во рок од 24 часа.






