Скопјанец пријавил дека бил физички нападнат од страна на неговата сопруга во нивниот дом во Кисела Вода.
Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа во 22:00 часот во СВР Скопје, 41-годишен маж пријавил дека во домот на подрачјето на Кисела Вода бил физички нападнат од неговата сопруга Ј.З.П.(42).
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.






