домаРегионГолем пожар и серија експлозии во магацини со муниција во Бугарија

Голем пожар и серија експлозии во магацини со муниција во Бугарија

- Advertisement -spot_img

Голем пожар избувнал во магацини со муниција на бугарскиот производител на оружје „ЕМКО“ во близина на Горни Врпишта, во регионот на Габрово.

Според првичните информации, пожарот се проширил од еден магацин во друг, по што во текот на ноќта следувале повеќе експлозии на муниција.

Ова е втор сериозен инцидент во објект на „ЕМКО“ за нешто повеќе од еден месец. На 10 август експлозија и пожар беа пријавени и во објект на компанијата во Белиште. Причините за тој инцидент сè уште ги истражуваат бугарските обвинителски власти.

„ЕМКО“ е еден од позначајните бугарски производители и извозници на оружје. Сопственикот на компанијата, Емилијан Гебрев, во минатото беше во центарот на истраги поврзани со серија мистериозни експлозии во бугарски магацини за оружје.

Засега нема дополнителни информации за причините за најновиот пожар и експлозиите, ниту за евентуални повредени или причинета материјална штета.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img