домаРегионХрватска ја воведува најстрогата казна, доживотен затвор за 15 дела

Хрватска ја воведува најстрогата казна, доживотен затвор за 15 дела

- Advertisement -spot_img

Хрватската влада испрати во Собранието пакет измени на Кривичниот законик со кои од 1 јануари 2027 година треба да се воведе доживотен затвор за 15 најтешки кривични дела. Со измените се воведува и ново кривично дело против животната средина, познато како екоцид.

Доживотната казна ќе може да се изрече за кривичните дела за кои сегашниот закон предвидува долготраен затвор од 21 до 40 години, како и при изрекување единствена казна за повеќе најтешки дела.

Осуденик на доживотен затвор ќе може да побара условно ослободување најрано по 25 години поминати во затвор. Тоа нема автоматски да значи дека ќе биде ослободен, туку за секој случај ќе одлучува суд. Барање поднесено пред истекот на 25 години нема ни да се разгледува.

Хрватска досега, заедно со Португалија, беше меѓу ретките земји во Европската Унија без доживотна казна затвор. Најстрогата санкција беше долготраен затвор, а Владата ја образложува промената со потребата од построг одговор за најтешките облици на криминал.

Голема новина е и екоцидот. Со предложените измени, особено тешкото и долготрајно уништување на животната средина ќе стане посебно кривично дело кое нема да застарува. За него е предвидена казна од најмалку десет години затвор, долготраен затвор, а по воведувањето на новата санкција ќе може да се изрече и доживотен затвор.

За компаниите одговорни за најтешки еколошки кривични дела се предвидуваат и значително повисоки парични казни. Максималната санкција за правни лица може да достигне 50 милиони евра.

Измените предвидуваат и построг третман за лица кои и по целосно издржана затворска казна се проценети како високоризични за повторување тешко кривично дело. За нив се подготвува посебен систем на надзор и сместување по излегувањето од затвор.

Владата ги поврзува измените и со неколку тешки случаи што ја потресоа хрватската јавност, меѓу нив повеќекратни убиства, нелегално складирање отпад и случаи на тешко малтретирање животни. Дел од законските измени се и усогласување со европското законодавство.

Предлогот сега треба да ја помине парламентарната процедура. Доколку биде усвоен во предложената форма, новиот режим на доживотен затвор ќе почне да се применува од 1 јануари 2027 година.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img