домаМакедонијаМНР: 25 години по 11 Септември, Македонија останува со САД против тероризмот

МНР: 25 години по 11 Септември, Македонија останува со САД против тероризмот

- Advertisement -spot_img

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември 2001 година, Македонија им оддава почит на жртвите и на сите кои покажаа храброст во справувањето со последиците од нападите во САД.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, по повод годишнината, порача дека земјава останува цврсто на страната на Соединетите Американски Држави во борбата против тероризмот и во заштитата на мирот, слободата и демократијата.

„Дваесет и пет години по 11 Септември, се сеќаваме на невините животи што беа изгубени и им оддаваме почит на исклучителната храброст на оние кои беа на првата линија“, наведоа од МНР.

Од Министерството посочуваат дека жртвите од нападите никогаш нема да бидат заборавени.

„Цврсто стоиме со Соединетите Американски Држави во спротивставувањето на тероризмот и во одбраната на мирот, слободата и демократијата. Никогаш нема да заборавиме“, порачаа од МНР.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img