домаМакедонијаЛукаревска до Јаневска: Затворивте 26 училишта, дали ќе станат старски домови?

Лукаревска до Јаневска: Затворивте 26 училишта, дали ќе станат старски домови?

- Advertisement -spot_img

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната собраниска седница ја праша министерката за образование и наука Весна Јаневска дали и натаму стои зад нејзината изјава дека затворените подрачни училишта би можеле да се пренаменат во старски домови.

Лукаревска оцени дека политиката на оптимизација во образованието има сериозни последици, посочувајќи дека новата учебна година започнала со над 3.000 првачиња помалку, 26 затворени училишта и 433 паралелки помалку.

Според неа, околу 250 деца, од кои најголем дел првачиња, на почетокот на учебната година останале без потребните образовни асистенти. Таа тврди и дека околу 5.000 наставници се прогласени за вишок поради процесот на оптимизација.

Лукаревска посочи и на проблеми со превозот на ученици од Свети Николе и Кочани кои посетуваат средни училишта во Штип, како и на поплаки за недостиг од целодневна настава во дел од училиштата.

Пратеничката се осврна и на претходни изјави на Јаневска, меѓу кои и онаа од 20 јули 2025 година, кога министерката рече дека дел од затворените подрачни училишта може да добијат друга намена, посочувајќи како можност старски домови или клубови.

Лукаревска ги спомена и резултатите од ПИСА тестирањето, наведувајќи дека само една третина од учениците покажале основно ниво на знаење по математика и читање.

„После сите овие бисери, моето конкретно прашање до Вас е дали сè уште стоите зад Вашата изјава дека училиштата кои ги затворивте и допрва ќе ги затворате ќе станат старски домови?“, праша Лукаревска.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img